Плаќање со картичка или при достава Бесплатна достава за нарачки над 2.000 ден 02 2774 101 · Пон–Пет 8–16 ч.
Контакт Кошничка 0

Möller’s масло од црн дроб на бакалар ЈАБОЛКО 250мл

1.240,00 ден

Шифра: 9012
Möller’s масло од црн дроб на бакалар е природен извор на омега-3 (ДХА + ЕПА), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со природни омега-3 масни киселини (во триглицеридна форма), уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка. Möller’s содржи уникатна комбинација и највисока концентрација на природна омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутриенти кои се особено важни за правилен и целосен развој на мозокот, срцето, видот и придонесуваат за нормален имунолошки систем. ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот. ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето. Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски. Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид. Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Без мирис и вкус на риба! Без токсини! Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.
Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл (половина мала лажичка). Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5мл (полна мала лажичка). Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Неотворен производ да се чува на температура од 5 °C до 25 °C, на суво и темно место. По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци. Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца!
98% Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (јаболко), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли (антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д). Состав За 2,5мл | За 5мл Масло од црн дроб на бакалар – 2273 мг | 4546 мг Омега-3 масни киселини – 560мг | 1120мг — ДХА (докосахексаеноична киселина) – 255мг | 510мг — ЕПА (еикосапентаеноична киселина) – 185мг | 370мг Витамин Д – 5 мкг (200 и.е.) 100%* 10 мкг (400 и.е.) 200%* Витамин А – 125 мкг (416 и.е.) 15,5%* 250 мкг (833 и.е.) 31%* Витамин Е – 1,5 мг (1,65 и.е.) 12,5%* 3 мг (3,3 и.е.) 25%* *Референтна вредност во ЕУ

Препорачани производи