Производите купени од веб-страницата www.geopromshop.mk се доставуваат до купувачите преку курирска служба. Курирската служба ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи.
Цена на достава
- Бесплатна достава за нарачки над 2.000 денари.
- За нарачки до 1.999 денари цената на доставата изнесува 180 денари.
Цената на доставата се прикажува во кошничката и при плаќање, пред потврдување на нарачката.
Рок на достава
Нарачките ги испорачуваме преку курирска служба (брза пошта) во рок од 1 до 5 работни дена од нарачката, а во исклучителни ситуации и до 7 работни дена. Достава вршиме на територијата на Република Северна Македонија. Кај плаќање со банкарски трансфер, рокот на достава почнува да тече од денот кога уплатата ќе пристигне на нашата сметка.
Начини на плаќање
- Со платежна картичка (Visa, Maestro, Mastercard). Плаќањето се врши на заштитената страница на Bankart / НЛБ Банка АД Скопје.
- Плаќање при достава (откуп). Износот се плаќа во готово на курирот при прием на пратката.
- Банкарски трансфер (вирмански). По нарачката ги добивате податоците за нашата трансакциска сметка, а нарачката се испраќа откако ќе пристигне уплатата.
За сите дополнителни информации испратете ни е-пошта на geoprom@geoprom.com.mk или побарајте нè на 02 2774 101.
Виша сила
Геопром не одговара за доцнење на пратките во случаи на виша сила. Виша сила е исклучителен настан или околности, надвор од контролата на договорните страни, кои ги спречуваат едната или двете договорни страни да ги исполнат обврските што произлегуваат од овој договор, кои не биле предизвикани од грешка или негрижа на договорните страни и кои и покрај целиот напор и преземените активности се непремостливи.