Плаќање со картичка или при достава Бесплатна достава за нарачки над 2.000 ден 02 2774 101 · Пон–Пет 8–16 ч.
Контакт Кошничка 0

Möller’s ТОТАЛ 14 капсули + 14 таблети

590,00 ден

Шифра: 9019
Möller’s Total е скандинавски иновативен производ кој во една дневна доза комбинира една капсула и една таблета со вкупно 25 активни состојки. Оваа модерна формула е развиена во фабриката на Orkla, со големо внимание на деталите: капсулата е со мала големина и без вкус на риба по голтањето, а таблетата е во форма на бадем за полесно голтање. Комплекс од 25 најважни витамини, минерали, природни екстракти и омега-3 масни киселини. Преку активните состојки, Möller’s Total придонесува за: Намалување на заморот и исцрпеноста (фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Ц, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12). Нормална функција на имунолошкиот систем (железо, селен, цинк, витамин А, Б6, Б12, Ц и Д). Витаминот Д е присутен и во капсулата и во таблетата, со што добивате вкупно 20мкг (800 и.е.) витамин Д. Нормална функција на срцето, мозокот и видот. ДХА придонесува за нормална функција на мозокот и видот. ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
Земете една капсула и една таблета дневно со чаша вода. По 3 месеци редовна употреба, се препорачува да направите пауза од 3 недели. За да ви помогнеме полесно да се потсетите на вашата дневна доза, блистерот е обележан со деновите од неделата. Деца под 11 години, бремени жени и доилки не треба да го користат овој производ. Möller’s Total е наменет за диететско регулирање на рахитис и нарушена функција на видот – ретинопатија. Важна напомена: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на риба или на некоја од состојките на производот. Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Производот мора да се користи под лекарски надзор. Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана. Начин на чување: Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15 °C до 25 °C.
Мека капсула: Концентрирано рибино масло (33% ЕПА / 22% ДХА), капсула: желатин, глицерол, прочистена вода; витамин Д3 (холекалциферол), сахароза, гума арабика, пченкарен скроб, триглицериди со среден ланец, трикалциум фосфат, ДЛ-алфа токоферол, антиоксиданс: екстракт богат со токоферол. Таблета: Полнила: дикалциум фосфат, микрокристална целулоза, вкрстено поврзана натриум карбоксиметилцелулоза, трикалциум фосфат; магнезиум хидроксид; 3-4:1 хидроетанолен екстракт од корен од Корејски панакс женшен, со 8% гинсенозиди; витамин Ц / Л-аскорбинска киселина; малтодекстрин; витамин Е / ДЛ-алфа токоферол ацетат 50% (модифициран скроб, сахароза, пченкарен скроб, натриум силикат); средства за глазирање: соли на магнезиум масни киселини, хидроксипропилметилцелулоза, шелак, талк, модифициран скроб, хидроксипропилцелулоза, карнеуба восок; железен фумарат, витамин Б3 / никотинамид; цинк оксид; 20:1 хидроетанолен екстракт од корен Родиола роза, со 3% розазин и 1% салидрозид; цвет од глог и лист во прав (Crataegus monogyna / C. laevigata); витамин Б5 / Д-калциум пантотенат; витамин Д3 / холекалциферол 0,25% (сахароза, гума арабика, пченкарен скроб, триглицериди со среден ланец, трикалциум фосфат, дл-алфа токоферол); манган сулфат монохидрат; навлажнувачи: глицерол; бакар сулфат пентахидрат; витамин А / ретинол ацетат (гума арабика, сахароза, пченкарен скроб, натриум аскорбат, дл-алфа токоферол, силициум диоксид); витамин Б12 / цијанокобаламин 0,1% (малтодекстрин, тринатриум цитрат, лимонска киселина); витамин Б6 / пиридоксин хидрохлорид; витамин Б2 / рибофлавин; витамин Б1 / тиамин; триглицериди со среден ланец (од кокосово масло); фолна киселина / птероилмоноглутаминска киселина, хром (III) хлорид хексахидрат; натриум молибдат дихидрат; безводен натриум селенит; калиум јодид. Витамини: Во 1 таблета и 1 капсула | %НРВ* Витамин А – 250 µg | 100% Витамин Б1 – 1,1 mg | 100% Витамин Б2 – 1,4 mg | 100% Витамин Б3 – 16 mg | 100% Витамин Б5 – 6 mg | 400% Витамин Б6 – 1,4 mg | 31% Витамин Б12 – 2,5 µg | 100% Витамин Д3 – 20 µg (800 и.е.) | 100% Витамин Е – 12 mg | 100% Витамин Ц – 80 mg | 100% Фолна киселина – 200 µg | 100% Минерали: Во 1 таблета и 1 капсула | %НРВ* Магнезиум – 85 mg | 23% Железо – 7 mg | 50% Цинк – 10 mg | 100% Манган – 2 mg | 100% Бакар – 1 mg | 100% Хром – 40 µg | 100% Молибден – 50 µg | 100% Селен – 55 µg | 100% Јод – 22,5 µg | 15% Останати активни состојки: Во 1 таблета и 1 капсула | %НРВ* Екстракт од женшен – 100 mg | – — женшеноиди – 8 mg | – Екстракт од родиола – 10 mg | – Екстракт од глог – 10 mg | – Рибино масло – 569,7 mg | – — Омега-3 масни киселини – 375 mg | – — ЕПА – 180 mg | – — ДХА – 135 mg | – *Нутритивна референтна вредност според регулатива 1169/2011

Препорачани производи