Геопром Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата страница www.geopromshop.mk во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб-страницата www.geopromshop.mk. Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашата веб-страница, како и дека прифаќаат дека користењето на оваа веб-страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Нашите податоци
Т.Д. ГЕОПРОМ – Мирослав ДООЕЛ Скопје
Адреса: ул. Христо Татарчев 17/2 бр.2, 1000 Скопје, Северна Македонија
ЕМБС: 4449185
ЕДБ: 4030992195364
Дејност: производство, трговија и дистрибуција на додатоци во исхрана
Тел: 02 2774 101
Е-пошта: geoprom@geoprom.com.mk
Работно време: понеделник–петок, 8:00–16:00
WEB: www.geoprom.mk и www.geopromshop.mk
Услови на користење
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата веб-страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб-страница.
1. Општи одредби
www.geopromshop.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и тн.). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Геопром ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Геопром може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови, затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
2. Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до нас на www.geopromshop.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашата Политика за приватност.
www.geopromshop.mk не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате до нас (вклучувајќи и преку нашите социјални мрежи) нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. www.geopromshop.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели.
Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата Политика за приватност, ги користиме само за интерна употреба и единствено за обработка на Вашите нарачки. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, освен на курирската служба (заради достава на нарачката) и на банката (заради обработка на плаќањето).
3. Врски (линкови/брендови) кон други веб-локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите нашата е-продавница. www.geopromshop.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб-локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
4. Креирање на нарачка
За да Ви биде овозможено купување на нашата електронска продавница, не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на финализирање на нарачка е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци како Име и Презиме, Адреса на живеење за да може да Ви се достави нарачката, Е-пошта и Телефонски број. Податоците кои ги оставате се неопходни за реализирање на нарачката.
Само полнолетни корисници можат да прават нарачки во онлајн продавницата на www.geopromshop.mk.
Веб-страницата www.geopromshop.mk не прифаќа никаква одговорност за примени нарачки или испорачани стоки на лица помлади од 18 години.
Пред да се финализира процесот на креирање на нарачка, потрошувачот/корисникот изјавува дека е запознат и се согласува со општите услови за користење, преддоговорните информации и Политиката за приватност.
По завршувањето на процесот на нарачка, потрошувачот на е-пошта добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката ќе се обработува и понатаму ќе се процесира.
За начинот и временскиот период во кој Вашата нарачка ќе биде испорачана до Вас, прочитајте повеќе во нашата Политика за достава.
5. Избор на производи
Со притискање на копчето „Додај во кошничка“ на производи кои се на залиха, ќе бидете известени дека производот е додаден и се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ, а може да додадете и повеќе различни производи.
Доколку „Додај во кошничка“ не Ви е достапно, тогаш станува збор за производ кој не е на залиха или за производ од кој треба да изберете Опција (варијабилен производ). Откако ќе го направите Вашиот избор, копчето „Додај во кошничка“ ќе стане активно.
За да имате целосен преглед што сè се наоѓа во Вашата кошничка, кликнете на иконата Кошничка, во горниот десен агол. Од таму може да отстраните или додадете производи и да ја регулирате количината на производите кои сакате да влезат во процесирање на Вашата нарачка.
6. Информации за производот
Информациите за производите понудени на веб-страницата www.geopromshop.mk се земени од поединечни декларации за производи, упатства за производи или од брошури на производителот на производот. Фотографиите се идентични или слични на наведениот производ, но го задржуваме правото на грешка. Сите информации за производите, вклучувајќи ги и фотографиите, на веб-страницата www.geopromshop.mk може да содржат грешки или неточности.
7. Рекламации
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани и испратени неоштетени до корисникот преку курирска служба. Откако курирската служба ќе Ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со Вашата нарачка, Ве молиме да нè побарате телефонски на бројот 02 2774 101 или да ни испратите е-пошта со Ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата geoprom@geoprom.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе Ве известат за понатамошната постапка во најкраток можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата geoprom@geoprom.com.mk.
8. Заштита на приватноста на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се Име и Презиме на нарачателот, Адреса на живеење, Е-пошта и Број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Геопром се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
9. Начин на плаќање
Сите цени се изразени во денари, а во цената е вклучен и ДДВ. Цените важат на денот на нарачката.
Производите кои ги нарачува преку нашата електронска продавница, потрошувачот може да ги плати на следниве начини:
– Со платежна картичка (Visa, Maestro, Mastercard)
При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедноста на податоците при онлајн купување ја гарантираат платежниот процесор за е-трансакции Bankart и НЛБ Банка АД Скопје, така што целиот процес на плаќање се врши на страницата на банката.
Во ниту еден момент податоци за Вашата платежна картичка не ни се достапни на нашиот систем.
– Со банкарски трансфер (вирмански)
По испраќањето на нарачката, на страната за потврда и по е-пошта ги добивате податоците за нашата трансакциска сметка во НЛБ Банка АД Скопје. Во целта на дознаката наведете го бројот на нарачката. Нарачката се испраќа откако уплатата ќе пристигне на нашата сметка.
– Со плаќање при достава
Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба со која Геопром има склучено договор за деловна соработка.
Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи.
При достава на пратката до адресата на потрошувачот, потрошувачот е должен да ги покрие трошоците за вредноста на пратката, а во одредени ситуации и самиот трошок за достава. Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови. За подетални информации околу достава на производи и плаќање на истите, посетете ја нашата Политика за достава.
Дали треба да доплатам за испораката?
- За нарачка до 1.999 денари доплатата изнесува 180 денари.
- За нарачка над 2.000 денари доставата е бесплатна.
Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката примачот на пратката (потрошувачот) инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата. Пред да ја подигнете пратката од доставувачот (курир), Ве молиме проверете ја пратката и не ја подигнувајте доколку производите се оштетени. Во спротивно, рекламациите и приговорите нема да бидат прифатени од Геопром, www.geopromshop.mk.
10. Нарачки со над две илјади (2.000,00) евра во денарска противвредност
За нарачка во вредност до 2.000,00 евра (две илјади евра) во денарска противвредност, доколку се работи за еднократно плаќање, плаќањето може да се изврши само со платежна картичка. Нарачка со вредност поголема од наведената сума не е возможна. Доколку во период од еден работен ден се работи за неколку поврзани плаќања од последно извршено плаќање, чиј збир ја надминува вредноста од 2.000,00 евра во денарска противвредност, банката има право да одбие извршување на налогот.
11. Безбедност на податоци
Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб-сервер и се бришат исклучиво по барање на самите купувачи за бришење на нивните кориснички профили. Откако ќе се избришат, податоците се анонимизираат. Земете предвид дека откако податоците еднаш ќе се анонимизираат, истите не може да се вратат назад.
Доколку сте регистрирани на нашата електронска продавница за добивање на информации поврзани со производи и услуги од Геопром и www.geopromshop.mk, врз основа на писмено барање имате право:
- Да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
- Да пристапите до Вашите лични податоци и
- Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка.
Напоменуваме дека електронската адреса од која ќе нè контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
Доколку Ви се потребни повеќе информации поврзани со заштита на лични податоци, Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност.
12. Откажување на нарачката од страна на потрошувачот
Потрошувачот има право да ја откаже нарачката сè додека нарачката не е процесирана, односно не е доставена во карго компанијата. Откажувањето на нарачката може да се направи телефонски на 02 2774 101 или на е-пошта geoprom@geoprom.com.mk. Во случај на откажување на нарачката, потрошувачот добива известување дека неговата нарачка е откажана, а претходно резервираните средства ќе бидат ослободени.
13. Директен маркетинг
Потрошувачите кои сакаат да добиваат известувања за попусти, промоции и специјални понуди од нашата веб-страница www.geopromshop.mk може да изберат опција со зачленување на Геопром Билтенот на следниот начин:
- со внесување на е-пошта адресата на дното на почетната страница, во делот „Претплати се на нашиот Newsletter!“
Потрошувачот може во секое време да ја отповика согласноста за примање директен маркетинг, а обврска на интернет продавницата www.geopromshop.mk е редовно да ги проверува и прифаќа отповикувањата на согласноста испратени од потрошувачите кои не сакаат да примаат пораки од директен маркетинг. Доколку потрошувачот го остави својот коментар, евалуација на производи и/или услуги, преглед, фотографија и сл. на веб-страницата www.geopromshop.mk, со прифаќање на овие Општи услови потрошувачот се согласува веб-страницата www.geopromshop.mk да може да го користи таквиот коментар, преглед, евалуација или фотографија за маркетиншки цели.
14. Промена на Условите за користење
Геопром, www.geopromshop.mk, го задржува правото да ги измени овие Услови во согласност со променетите деловни услови и во случај на промени на законодавната рамка.
Доколку некој услов или одредба од Условите за користење станат неважечки, важењето на другите услови и одредби нема да биде доведено во прашање.
Геопром, www.geopromshop.mk, е должен да го информира потрошувачот на пригоден начин, кој е непосредно и постојано достапен, за промените на Условите за користење. Во овој поглед, потрошувачите можат повремено да ја посетуваат оваа интернет страница и да проверат дали Условите за користење се променети од нивната последна посета.